| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на протестот пред Собрание (Видео)

protessstНајавуваниот голем протест под слоганот „Доста е“, наводно организиран од група граѓани преку социјалните мрежи доживеа фијаско. Пред Собранието на РМ се собраа најмногу педесетина граѓани, кои во половината час колку што траеше протестот, упатија порака дека „состојбите во Македонија се неиздржливи“.

Според порталот А1он „Насобраните и порачаа на власта дека е доста со делбите во општеството по сите основи, партизацијата на институциите, партиските вработувања, драконските казни и рекетот кон граѓаните, но и нејзиното сатанизирање на неистомислениците, притоа ја повикаа Владата да стави крај на расипничкото трошење на народните пари и задолжувањата, но и ја критикуваа за политичките апсења кои се случуваа во изминатиот период, велејќи дека севкупната состојба во Македонија е мизерна и стравовладејачка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top