Во првиот натпревар од петтото коло на македонската кошаркарска прва лига екипата на Куманово го победи Фени со убедливи 77-60 (43-29).
Куманово победата ја обезебди уште во првото полувреме кога победе со 14 коша разлика. Вториот период од играта Куманово го доби со 27-12. Во второто полувреме Куманово со ангажирана игра во одбраната не дозволи екипата од Кавадарци да се приближи и не му дозволи поранешниот шампион Фени да ја оствари првата победа во овогодинешниот шампионат.
Најефикасен во редовите на Куманово воедно и на натпреварот беше ВУкашин Мандиќ со 25 поени и четири асистенции. Игор Бјелиќ беше најефикасен кај кавадарчани со 20 поени.
Колото утре ќе го комплетираат средбите Струмица – Лирија, Вардар Апаве – Карпош Соколи и Работнички – Пелистер Спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



