Салмонела е откриена кај уште едно дете од градинката “Детска радост”, објави „Сител“. Ова е 5-ти случај. Лекарска помош им е укажана на нови две дечиња кои биле згрижени во градинката и нејзините клонови во Автокоманда.
Досега со симптоми на труење на Инфективна и кај матичните лекари се јавиле 14 деца од оваа предучилишна установа.
Вчера епидемиолозите од скопскиот центар за јавно здравје потврдија дека во дел од храната која им се служела на децата пронајдени се патогени бактерии. Надлежните ги чекаат комплетните извештаи за да одлучат какви санкции ќе има.
-Дополнително треба да се провери во однос на салатата во која се најдени бактерии. Од каде доаѓа изворот,дали од местото каде растело растението или поради конкретна нехигиена во градинката.Ако е конкретна нехигиена во самата градинка,тогаш ќе бидат превземени соодветни мерки од сите инспектораи,но и од нашето Министертво и локалната самоуправа,вели Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Последните 5 години во Македонија се регистрирани вкупно 1071 случај на труење со Салмонела. Најмногу имало во 2011 кога 281 лице побарало лекарска помош. Од почетокот на 2013 до денес евидентирани се 202 салмонелози.
Во овој 5 годишен период речиси половината случаи со салмонела се од Скопје. Најчесто страдаат децата . Оваа бактерија е потврдена кај кај вкупно 389 деца до 7 годишна возраст.
Според епидемиолозите токму кај најмладите салмонелата може да предизвика сериозни компликации доколку не се лекува навреме.
-Салмонелата е бактерија која најчесто предизвикува заболувања на цревниот тракт,проследени со пролив и дехидратација на организмот,може да биде и доста тешко особено кај возрасната популација и кај малите деца,кои ако добијат салмонелозна инфекција таа може да доведе до тешка дехидратација и затоа треба брзо да се реагира и да се лекува,вели д-р Благоја Алексовски, епидемиолог во ИЈЗ
Салмонелата најчесто се пренесува преку храната. Нехигиена или контаминирана храна се главните причини за труење кое го предизвикува оваа бактерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


