| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Тодороски настапи со стендап-комедија во лондонскиот клуб „Комеди стор“

Aктерoт Никола Тодороски настапи на три различни сцени за стендап-комедија во Лондон. Една од локациите каде гостуваше тој беше и познатиот клуб „Комеди стор“, каде низ годините настапувале Робин Вилијамс, Крис Рок и други. Актерот кој работи во Охридскиот театар вели дека по убавото искуство повторно би се вратил во Лондон.

Имав прилика да го почувствувам притисокот на Лондон и огромната конкуренција таму. Предизвикот е голем да го фрлиш материјалот на англиски јазик во лицата на луѓе од сите страни на планетата и да видиш како функционира. Пред да заминам имав одредени очекувања и претпоставки како ќе изгледа да се настапува таму, но кога пристигнав беше целосно поинаку. На пример, за да добиеш само 5 минути во кој било третокласен клуб во Лондон е како да си добил бинго. Настапив во три различни стендап клуба и тоа ми помогна да си создадам слика за стендап животот во светска метропола каква што е Лондон, вели Тодороски.

Неговото меѓународно деби беше во Амстердам пред неколку месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top