| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан упаднал во станот и ја претепал поранешната сопруга

Триесетгодишна гостиварка била прететпана од својот поранешен сопруг, кој пијан упаднал во станот на жената, информираат од полицијата. Вчера околу 19 часот, во станот на Ќ.А. на булеварот Гоце Делчев во Гостивар,упаднал нејзиниот поранешен сопруг 37-годишниот З.А. од селото Здуње, Гостиварско.
Како што информираат од полицијата, З.А. ја фатил за коса Ќ.А., ја удрил во пределот на главата, а потоа почнал да фрла предмети од плакарот, заканувајќи ѝ се дека ќе ја убие и навредувајќи ја со погрдни зборови. Полицијата го привела З.А., а му било извршено и алкотестирање, при што било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,6 промили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top