Кливленд е далеку од плеј офот (14-34), но повторно во своите редови има мега ѕвезда која сама може да сруши и дел од најдобрите во лигата. 20.годишниот Австралиец Кајри Ирвинг изутрината и уфрли на второпласираната во лигата Оклахома, 35 коша за победа на Кавс од 115-110, што е првокласна сензација, ако се знае дека првиот стрелец на екипата од Охајо даде три поена повеќе од Кевин Дурант, но што е можеби и поважно, целосно ја презеде одговорноста во последните три минути кога се решаваше средбата во Квикен Луонс арената. Во втората година во НБА, поранешниот студент на Дјук универзитетот, Ирвинг има просек од 24 поена по натпревар и е шести стрелец зад Дурант, Ентони, Брајант, Леброн и Харден.
Еве ги сите други ноќешни НБА резултати:
Атланта – Чикаго 76:93
Њујорк – Сакраменто 120:81
Минесота – Њу Орлеанс 115:86
Сан Антонио – Вашингтон 96:86
Хјустон – Шарлот 109:95
Милвоки – Орландо 107:98
Портланд – Јута 105:99
Г. Стејт – Феникс 113:93
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


