| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ задоволна од новата локација

Народната банка на Република Македонија почнува со подготовки за изградба на новиот објект до новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Вкупна површина на земјиштето каде што ќе никне новиот објект на државниот трезор е 4.340 квадратни метри и според Деталниот урбанистички план е наменето за изградба на државни институции.

– Доделеното градежно земјиште има потенцијал да ги задоволи барањата од проектната задача, изработена од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Народната банка објави оглас за изработка на проектна документација – идеен проект, основен проект и друга проектна документација за објектот „Нов објект на НБРМ“, како и ревизија на комплетната проектна документација со проектантски надзор – велат од НБРМ.

Новата локација доделена од Владата ги задоволи критериумите на НБРМ откако претходно го одби предлогот новиот објект да се изгради на плоштадот Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top