| четврток, 6 декември 2018 |

Германија заинтересирана до каде е спорот за името

merkel-nimic

Посредникот на ОН во спорот меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, и германската канцеларка Ангела Меркел се согласни дека доколку постои соодветна политичка волја во Атина и во Скопје, тогаш би можело да се надминат и проблемите меѓу двете земји, пренесува „Дојле веле“.

На средбата во Берлин, Нимиц и Меркел разговарале за „актуелната состојба во неговите напори“ за надминувањето на овој дологодишен проблем, кој во моментов е единствената препрека за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Меркел потенцирала дека Германија и натаму ќе ги поддржува напорите на Нимиц, а средбата дошла на барањето на германската страна за подобро да биде информирана околу актуелните движења во преговорите меѓу двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top