Со ова директно се крши Законот за локална самоуправа во делот каде што е наведено дека одлуките донесени на Совет се валидни само со потпис на претседателот, кој потоа ги предава на градоначалникот на општината, пренесува „Курир“.
Андреј Жерновски и мнозинството на СДСМ неподдржувајќи го овој предлог покажаа негрижа за почитување на законите и за донесување одлуки кои не се потпишани од претседателот, што директно претставува негрижа за граѓаните на Центар.
И покрај инсистирањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да се изгласа нов претседател на Совет поради отсуството на Шиповиќ, против кого се води судски случај за сторена злоупотреба од над 1 милион евра, нивниот предлог беше одбиен.
– Постои законска неопходност да се изгласа претседател на Советот за да не се блокира работата на Советот и функционирањето на Општината. Токму поради обезбедување непречено функционирање на Општината, во интерес на граѓаните советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи именување нов претседател на Совет и подготвеност да поддржиме кој било предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и Жерновски, потенцира координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаровски.
Со ваквиот предлог ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи. Прво, дека за нив најголем интерес се граѓаните, кои заслужуваат Општина која ќе одговори на нивните барања и потреби, а, второ, на овој начин се избива аргументот на СДСМ дека цел на ВМРО-ДПМНЕ е на нелегитимен начин да обезбеди контрола врз Општината.
– За жал, Жерновски и мнозинството на СДСМ не го поддржаа овој предлог. Ова покажува дека тие работат на штета на граѓаните на Центар и посакуваат блокада која ја користат за манипулација и во нивното севкупно политичко дејствување – потенцира Лазаровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ Центар остануваат подготвени да го поддржат секој предлог на Советот, кој е од интерес на граѓаните и во функција на развојот на Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст