Лидерот во шпанскиот фудбалски шампионат Барселона останува без првиот тренер Тито Виланова во следните триесетина дена бидејќи 44.годишниот стручњак е во Њујорк на терапија по втората операција на грлото. Тој за една година доживеа две хируршки интевенција за отстранување на канцер од грлото, по што есеноска се врати на клупата, но сега одново мора да отсуствува.
Барселона вечерва со замената на Виланова, Жорди Роура гостува на Местаља и во дербито од 22. коло во Примера игра со Валенсија, а според клубски извори таа ситуација на клупата на тимот од Камп Ноу ќе потрае до месец март, кога се очекува враќањето на Виланова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


