| четврток, 6 декември 2018 |

Се скарале за тезга па се обидел да го згази со кола

Тетовчанецот С.А.(60) вчера во Полициската станица Тетово, пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ извршено од страна на Ф.А.(29) од Тетово.

Настанот се случил во Горна Чаршија – Тетово каде С.А. имал тезга за продавање на овошје, каде што со патничко моторно возило „Сеат Кордоба“ дошол Ф.А. кој се паркирал до тезгата и го попречувал оштетениот да ја растовари стоката  од трактор.

Додека се расправале, Ф.А.  излегол од возилото и физички го нападнал Н.А. брат на С.А., по што се качил во возилото, го стартувал и со голема брзина се обидел да вози кон С.А. кој со метална шипка удрил во шофершајбната и  ја скршил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top