| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: ЈСП ќе го гради панорамското тркало

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе го гради и ќе стопанисува со панорамското тркало, кое ќе биде на Вардар, меѓу Kамениот мост и мостот „Гоце Делчев“, пишува „Дневник“.
Одлуката за измени и за дополнувања на инвестициската програма на ЈСП за 2013 година, во која е вметната изградбата на тркалото, ќе биде усвоена на следната седница на Советот на Скопје. ЈСП за тркалото ќе потроши 12 милиони евра, а парите ќе ги двои во четири буџетски години – од 2014 година до 2018 година.

– Почетокот на изградбата е планиран за 2014 година, а објектот ќе биде завршен за пет години. Тркалото ќе го градиме од сопствени средства и од донации – велат во ЈСП.

На прашањето зошто токму ЈСП ќе го гради објектот, портпаролот Ана Груевска објаснува:

– Проектите со жичницата „Милениумски крст“, „Сити тур“ и другите успешно спроведени проекти се, всушност, и причината зошто ова претпријатие ќе ја реализира и изградбата на тркалото.

panoramsko trkalo1

Панорамското тркало треба да се гради на нов пешачки мост на Вардар, во делот меѓу Музејот на ВМРО и новиот театар. Ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри.
Тоа ќе има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top