Поевтини горива за два денари од ноќеска на полноќ ќе се точат на бензинските пумпи, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Според тоа, новата цена на Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денари, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,457 денари за килограм.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 44,7600
денари за долар и е за 1,09 отсто понизок од курсот на доларот (45,2521 ден/$) по кој беа формирани цените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.