| четврток, 6 декември 2018 |

Хурем во жири на турскиот „Икс фактор“

Актерката Мирјем Узрели, која се прослави со улогата на сопруга во „Сулејман Величествениот“, ќе ја продолжи својата кариера како член на жирито во турската верзија на „Икс фактор“. Продуцентите на емисијата се уверени дека актерката ќе им помогне во зголемување на гледаноста на шоуто, а Мирјем ќе заработува 30 илјади евра по епизода.
– Снимањето треба да почне во декември, но е префрлено за во март следната година бидејќи Мирјем треба да се породи во јануари – изјави извор близок на продукцијата.
Актерката по една година пауза ќе се врати на својата кариера во Истанбул откако по работата на серијата „Величествениот“ заврши на клиника во Германија за лечење од депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top