Книга на двајца американски новинари секојдневно предизвикува потреси на политичката сцена во САД, со откривањето нови детали за политичарите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Марк Халперин и Џон Хајлеман, автори на книгата „Удвојување“, пишуваат за изборите во 2012 година и веќе предизвикаа бура со најавата дека претседателот Барак Обама и неговиот штаб размислувале да ја промовираат Хилари Клинтон за потпретседател, а да му се заблагодарат на Џо Бајден.
Во книгата се тврди дека Обама не можел „да ги поднесе“ долгите разговори со поранешниот претседател Бил Клинтон, кој многу помогна во обезбедувањето поддршка за него.
Но, уште повеќе контроверзии предизвика изјавата на соработници на Обама, објавена во книгата, дека тој во еден момент на соработниците им се пофалил дека е „многу добар во убивањето луѓе“.
Книгата ќе биде пуштена во продажба од утре, а околностите во кои е даден овој коментар сѐ уште не се познати, но неколкуте веќе објавени рецензии откриваат дека Обама „се фалел со убиствата што ги наредил“.
Коментарот се однесува на контроверзната програма за ликвидирање осомничени исламисти во странски земји, со употреба на беспилотни летала.
Обама, кој во 2009 година ја доби и Нобеловата награда за мир и кој стана претседател благодарение на своите остри критики кон претходникот Џорџ В. Буш поради апсењата, киднапирањата и тајните затвори за сослушување на исламисти, има извршено над 400 потврдени напади со беспилотни летала.
Во овие напади, американското разузнавање лоцира цел, најчесто висок осомничен исламистички командант во Пакистан или во Јемен, по што место обид за апсење, американската армија врши напад со малите летала наречени „предатор“, кои можат да истрелаат по неколку ракети врз целта.
Во два од овие напади беа убиени и американски државјани – поддржувачот на Ал Каеда, Анвар ал Авлаки, и неговиот 16-годишен син, што отвори сериозни расправии за тоа дали претседателот на САД има право да ликвидира свои граѓани.
Уште поспорна е практиката овие напади да бидат вршени во два налети, со цел да се осигура дека одбраниот исламист е ликвидиран, но тоа доведува и до поголеми човечки жртви, честопати меѓу луѓето кои доаѓаат да помогнат по првиот напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст