
Пипа Мидлтон, помладата сестра на војвотката од Кембриџ, планира својата венчавка да ја организира во Шкотска.
Според извори блиски на кралското семејство, убавата сестра на принцезата се решила на ваков чекор затоа што се плаши дека нејзината венчавка нема да биде ниту близу од она меѓу Кејт и принцот Вилијам.
Истите извори уште летово открија дека 29 годишната Пипа им признала на пријателите дека нејзиното момче, 35 годишниот Нико Џексон е „оној вистнскиот“.
Британските медиуми наведуваат дека тој и ја препуштил целата организација на Пипа, а негова обврска било организирањето на медениот месец кој ќе го минат на Карибите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


