| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Хрватите ги мразат Србите, а не знаат граматика

Кога Хрватите ги мразат Србите, а не ја знаат хрватската граматика, пораката е љубовна

v276792p0
Хрватскиот портал „index.hr.“ објави фотографија од девојка која го надмудрила неписмениот „патриот”.

Лицето кое го напишало графитот „уби Србин” во Сплит, во еден агол, очигледно не знаел дека на хрватски  крвавиот дел се пишува „убиј”.

Но, оваа девојка го учи граматика, па со кармин допишала „пољ“ (уби), со што се добива симпатичниот графит „пољуби Србина”, на македонски „бакни го Србинот“.

И сега наместо порака за омраза, има порака за љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top