После година и половина од големиот концерт на „Дуран Дуран“, Авалон Продукција ги враќа големите концерти во Македонија.
Легендарните „Симпл Мајндс“, својата две годишна светска турнеја, после настапите во O2 Арена – Лондон, Манчестер Ман Арена – Манчестер, Зенит- Париз, Хајнекен мјузик хол – Амстердам и други, ја завршуваат во Македонија, на 5-ти Март со концерт во комплетно реновираниот СРЦ Кале.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во петок 8-ми Ноември. Најуспешниот шкотски рок бенд на сите времиња „Симпл Мајндс“, во Скопје доаѓаат во постава: Џим Кер – вокал, Чарли Бурчил- гитара и клавијатури, Мел Гејнор – тапани, Енди Гилиспи – клавијатури, Гед Грајмс – бас гитара и Сара Браун – пратечки вокал.
Во својата долгогодишна кариера, „Симпл Мајндс“ имаат издадено 16 студиски албуми кои со својата продажба имаат достигнато мултиплатинест тираж. Авалон Продукција, еден ден предходно на 4-ти Март е организатор на концертот на „Симпл Мајндс“ во Загреб.
Како специјални гости, вечерта со едночасовен настап ќе ја отворат Мизар, еден од нашите најдобри бендови на сите времиња.
– Ми представува огромно задоволство да свириме со „Симпл Мајндс“, израснав со нивната музика, ги имав сите нивни албуми и учев од нив. Тој настан ќе биде и добар повод да го представиме новиот албум на Мизар- изјави Горазд Чаповски – Мизар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


