| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец ја претепал сопругата, па ја ограбил

Вистинска драма вчера се одвивала во Велес кога околу 21 часот на крстосницата „Штипска Петља“, Ц.Д. ја нападнал и ограбил поранешната сопруга.

Велешанецот ги ограбил 50-годишната Ц.С. од Велес и 62-годишниот П.Љ. од Скопје, при што на поранешната сопруга и одзел чанта во која имало 3 телефони, паричник со 4.000 денари, 200 евра и други документи.

Кражбата ја извршил на тој начин што додека велешанката и скопјанецот се движеле со возило марка „Мерцедес„ со скопски регистерски ознаки, Ц.Д. им го попречил патот со своето „Пежо“, излегол од возилото и најпрвин физички го нападнал скопјанецот удирајќи го со тупаници во пределот на лицето, а потоа ја истепал и поранешната сопруга која исплашена излегла од возилото и и ја одзел чантата.

Полицијата сеуште трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top