| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе скопски населби утре без струја

Повеќе скопски населби утре ќе останат без електрична енергијазаради поради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија .

Во пероиод од 9 до 15:30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Метохиска“ и „Скупи“.

Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат жителите од селото Мирковци и викенд населбата во општина Чучер-Сандево, дел од корисниците од улицата „Козле“ од бр. 1 до бр. 35, од улицата „Иван Милутиновиќ“, врвот на Водно, Средно Водно и Горно Нерези и Горни Крушопек.

Жителите од општина Ѓорче Петров, лоцирани на улиците „Крсте Гермов-Шакир“, „Тодор Циповски-Мерџан“, „Воин Драшковиќ“ и „Мавровска“ од 12 до 15:30 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Патрис Лумумба“ во општина Шуто Оризари, а од 8 до 12 часот корисниците од Усјански канал во општина Кисела Вода. Од 8 до 9:30  часот  без струја ќе бидат корисниците  од улицата „Божидар Аџија“ бр. 18/1 и дел од објектите во близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top