Рускиот гигант АЛРОСА, најголемата компанија за производство на дијаманти во светот, најави дека има намера преку иницијатива за јавна понуда да продаде околу 16% од своите акции. Иако за водечките пакети акции беше заинтересиран и „De Beers“, сегашните акционери на компанијата се против продажбата на големите пакети акции на стратешките акционери. Најголемиот руски производител на дијаманти АЛРОСА треба да започне со првата емисија на своите акции во следните две недели. На инвеститорите ќе им бидат понудени 16% од акциите чија вкупна вредност би можела да надмине 1.3 милијарди долари. Овие средства со еден дел треба да ги покријат долговите на компанијата. АЛРОСА има намера своите акции да ги понуди на малите, а не на стратешките инвеститори, а тоа би можело неповолно да се одрази на вредноста на акциите по јавната понуда, предупредуваат стручњаците.
Рускиот дијамантски монополист официјално најави иницијална јавна понуда . На инвеститорите ќе им бидат понудени 16% од акциите, соопштуваат од компанијата. Цената на своите хартии од вредност АЛРОСА треба да ја објави во следниве две недели. Хартиите ќе бидат пласирани на Московската берза и воедно ќе им бидат понудени и на инвеститорите во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


