Непознати крадци му ја украдоа торбата на Хуан Мартин дел Потро во моментите кога аргентинскиот тенисер им делел автограми на своите симпатизери во Париз. Кражбата се случила додека Делпо чекал воз за Лондон, а остана без пасошот, парите и без бројаницата која му ја подари Папата Франсис.
„Делев автограми и се фотографирав со навивачите и одеднаш ми ја снема торбицата со личните работи. Ми е жал за бројаницата која ми е особено значајна. Овакво нешто за првпат ми се случува, но турнирот во Лондон е премногу важен за овој инцидент да ме исфрли од колосек“, изјави популарниот Делпо.
Во Лондон се игра завршнито турнир во годината на кој учествуваат најдобрите 8 тенисери во оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


