| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена стара топовска граната кај Коњаре

При извршување на градежни работи на бензинска пумпа била пронајдена  не експлодирана граната. На автопатот ГП „Табановце“- Куманово, зад бензинската пумпа „Дет Оил“, Г.Ч.(1964) од Куманово, пронашол топовска граната кал.75 мм која потекнува од Втора светска војна.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, по што гранатата е превземена од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top