| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот албум на Здравко Чолиќ со техно стил

Новата песна на познатиот пејач Здравко Чолиќ, “Шок” шокира со брзиот ритам во техно стил. Новиот 14-ти по ред албум на босанскиот пејач Чолиќ е насловен како “Ватра и барут” и содржи етно елементи, севдалинки, соул,поп и техно стил.

Најголемо изненадување за сите кои го преслушале албумот е песната “Шок” која е изработена во модерен техно транс аранжман и е наменета за помладата генерација.

-Од секогаш сакав во албумите да направам и некој музички експеримент. Овој пат тоа е токму песната “Шок” која ги помера границите кога е во прашање мојо репертоар. Повеќе од полови година работиме на овој албум заедно со соработниците и тој е конечно подготвен да излезе во јавноста. Луѓето ја сакаат мојата музика и нема да бидат разочарани-изјави Чола.

Новиот албум се очекува во продажба на крајот на месец ноември а концертната промоција ќе се одржи во текот на неговата европска турнеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top