| четврток, 6 декември 2018 |

По шампионот Замбија испадна и домаќинот Јужна Африка

По шампионот Замбија, на 29. издание на африканскиот Куп на Нации испадна и домаќинот Јужна Африка, а во првото полуфинале ќе играат денешните победници Гана и Мали.

„Црните ѕвезди“ од Гана со 2-0 го елиминираа изненадувањето на турнирот Кејп Верде, а  во дербито на денот Мали заврши голема работа со елиминација на организаторот на турнирот Јужна Африка. Тој меч се одлучуваше на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженијата беше нерешено 1-1. Белата точка беше кобна за „бафана бафана“, а домаќините утнаа дури трипати од 4 обиди од 11 метри, што значеше сигурна елиминација за нив во четвртфиналето.

Утре се играат последните две средби од оваа фаза. Од 16 часот силите ќе ги одмерат двата фаворити Брегот на Слонова коска и Нигерија, а 3 часа подоцна Буркина Фасо и Того ќе бијат битка за последниот патник во полуфиналето.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top