Само неколку дена откако медиумите објавија дека главниот човек на Сахара, Субрата Рој има забрана за патување надвор од Индиjа, истата вест е корегирана соодветно на одлуката на судот.
Имено, судот донесе одлука со која ќе го забрани патувањето на главниот човек на Сахара во странство, доколку Сахара во рок од три недели не ги поднесе документите. Ова значи одлуката не стапува на сила веднаш.
Одлуката со која го предупредува Рој дека таа ќе премине во забрана за ограничување, судот ја постави и на својата веб страна. Но, објавата на веб страницата на судот гласеше дека одлуката веднаш стапува на сила.
По приговорот поднесен од адвокатскиот тим на Сахара, огласена е вистинската одлука со која забраната за патување се уште не е активирана.
Судот со оваа одлука со која Субрата Рој ќе добие забрана за патување во странство ако не ги достави тапиите во дадениот рок, има за цел да изврши дополнителен притисот врз Сахара за забрзано плаќање на се уште недокажаниот долг.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


