Со црвен тепих и свеченост во Кинотека на Македонија, синоќа во 19 часот започна четвртата по ред „Недела на турскиот филм“. На свеченото отворање присуствуваше и Јасин Али Туркери, режисерот на документарниот „Битола мој роден крај“.
Во рамките на шестдневната културна манифестација, која ќе трае од 1 до 6 ноември 2013 година, ќе бидат прикажани 11 филмски проекции на шест филмски остварувања на современата турската кинематографија.
Фестивалот организиран од страна на Советништвото за култура и за информации при Амбасада на Република Турција во Скопје, започна со премиерата на филмот „Есен“. Тој повторно ќе биде прикажан попладнево во 18 часот.
Во останатата програма на „Недела на турски филм“ ќе имате можност да ги погледнете:
2 ноември
18.00 „Есен“
20.00 „Долга приказна“
3 ноември
17.30 „Долга приказна“
20.00 „Интернационала“
4 ноември
18.00 „Интернационала“
20.00 „Мојата сестра: Момо“
5 ноември
18.00 „Мојата сестра: Момо“
20.00 „Погрешна бројаница“
6 ноември
18.00 „Погрешна бројаница“
20.00 „Битола мој роден крај“
Присуството на публиката на филмските проекции ќе биде можно само со билети, кои ќе можат бесплатно да се подигнат во Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





