| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерките менувале хулахопки среде фестивал

Овогодинешното издание на фолк-фестивалот „Филиграни“ ќе остане запаметен по трагикомичната ситуација во која се најдоа двете познати фолк пејачки. Во целата паника пред настап Татјана Лазаревска и Даниела Темелковска, зад сцената во Домот на АРМ во Скопје се соблекле по гаќи, пишува „Вест“.

Зад завесата, во полуосветлената просторија, каде што стоеле Тања и Даниела, биле и неколкумина пејачи што чекале да им дојде редот за настап и во еден момент, кога се свртеле, виделе дека пејачките се по гаќи, по што сите почнале да се смеат. Имало мини-претстава по гаќи, а тоа го потврдија и двете пејачки.

– Паѓавме од смеење, иако до пред тоа бев во паника. Цел ден трчав на фризер, шминкер и дури на крајот купив хулахопки за настапот на фестивалот. Но, кога стигнав зад сцената и кога почнав да се облекувам, сфатив дека хулахопките воопшто не ми одговараат – вели Даниела.

Таа ја замолила нејзината колешка да ѝ ги позајми хулахопките што ги носела.

Повеќе прочитајте во печатеното и во електронското издание на „Вест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top