Српската актерката Лилјана Јашиќ на јавноста познатата по улогата на Савета од хумористичната серија „Курсаџиии“ е бремена во 52 година од животот. Како што пренесува српскиот магазин „Пулс“, Лилјана е во деветиот месец на бременоста и наскоро ќе го роди своето прво дете, и тоа ќерка.
– Можеби навистина ќе се случи да се пордоам на мојот 52. роденден на 10.ноември. Ќе биде девојче. Толку сум среќна. Сега сум во фаза на одбирање имиња. Секое име ми е интересно два три дена а потоа наоѓам некое друго, уште поубаво уште подраго – изјавила актерката.
Таа додала дека ова дете и е дар од Бога, и дека љубоморно ја чувала својата среча.
– И мојата родена сестра дозна пред три месеци. Толку ми беше мило на срцето што мислев дека ако кажам дека сум бремена дека нешто ќе растурам и дека тоа ќе биде само обична вест. А за мене тоа не е вест, тоа е нешто најважно во животот. Затоа љубоморно криев и дури по неколку месеци им кажав само на неколку мои блиски пријатели. Дури луѓето што работат во мојот театар „Скадарлија“ не знаеа ниту забележаа – додала Лилјана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.