| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје ќе се жали на поништувањето договорот за Дрисла

trajanovski

Град Скопје ќе ги испитува правните можности кои му претстојат за да ја обжали одлуката на Управен суд, со која се поништува договорот склучен меѓу локалната фирма и италијанскиот конзорциум „Амбиенте“ за концесија на градската депонија Дрисла, откако Вишиот Управен суд ја отфрли жалбата на Градот.

Градоначалникот Коце Трајановски денеска изјави дека жалбата е отфрлена затоа што, според дописот од судот, Градот смеел да ја поднесе само доколку го има Државното правообвинителство како застапник.

– Според решението, судот се искажа дека ние не сме биле надлежни за поднесувањето на жалбата до Вишиот управен суд. Не знам како не можеме да бидеме надлежни, кога сме странка во постапката. Велат дека било надлежно Државното првобранителство. Ние уште пред поднесувањето, бевме до Државно правобранителство од каде ни рекоа дека не ги застапуваат интересите на локалната самоуправа и децидно ни кажа дека локалната самоуправа сама треба да си ги поднесува своите постапки и жалби до Управниот суд. Во моментов ги разгледуваме правните можности кои ни стојат на располагање – изјави Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top