| четврток, 6 декември 2018 |

Европска комисија: во Македонија 1500 административци земаат плата седејќи дома

administracija

Дури 1500 вработени во јавната администрација според принципот на правична застапеност, седат дома, а земаат плата. Оваа фрапантна бројка ја открива Европската Унија, чијашто Комисија во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија сосема прецизно наведува дека огромна бројка од луѓето кои се примаат на работа во администрацијата, не се распределени по институциите, со што се праќа јасна порака дека се вработуваат лица од кои државата нема реална потреба – пишува Капитал.

Во 2012-та целокупната застапеност на државни службеници од заедниците на малцинствата е благо зголемена на една третина од вкупната бројка, но огромен број (1500) се уште не се распределени во ниту едно административно тело, односно институција. Ромската, турската и другите помали заедници се се уште потиснати“ – стои во Извештајот на ЕУ.

Брисел нотира и дека Секретаријатот за рамковен договор, иако минатата година имал повеќе пари за разлика од претходната, не ја остварил својата функција како што треба:

„Првата фаза на ревизијата на имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор беше објавена на 11 Април. Иако Буџетот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во 2013-та беше зголемен, тоа не придонесе за зацврстување на неговиот капацитет и функционирање“.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор практички ги потврдува овие наоди од Брисел. Тој смета дека се работи за помала бројка на луѓе кои седат дома и земаат плата (најмногу 1000), но ако се знае дека податоците ЕУ ги добива исклучиво од македонските институции, јасно е дека на пресметките на Брисел може да им се верува.
Џафери, сепак, вели дека застапеноста на Албанците во администрацијата се уште не е на задоволително ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top