| четврток, 6 декември 2018 |

Аси, сепак, не доаѓа во Скопје

Популарната турска актерка Туба Бујукустун, кај нас најпозната по улогата на Аси од истоимената турска серија, сепак, не доаѓа во Македонија, потврдуваат за „Република“ организаторите на „Неделата на турскиот филм“.

Туба Бујукустун требаше да пристигне денеска претпладне во Скопје, како придружба на својот сопруг Онур Сајлак, кој ја игра главната улога во филмот во германско-турска копродукција „Есен“, филм со кој денес во Кинотека на Макеоднија ќе се отвори четвртиот по ред фестивал посветен на турската кинематографија.

Причината за откажувањето на посетата на Скопје, неофицијално, се здравствени проблеми на една од ќеркичките-близначки на актерската двојка. Посетата е одложена на неопределено време, но Туба и Онур ветуваат дека наскоро ќе дојдат и ќе ја посетат Македонија.

Сепак, вечерва во 19 часот е закажано свечено отворање на „Недела на турски филм“ организирана од страна на Советништвото за култура и за информации при Амбасада на Република Турција во Скопје.

Целата програма може да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top