
Вечерва почнува Неделата на турски филмови во Македонија, која по четврти пат ќе биде организирана во Македонија од страна на Советништвото за култура и за информации при Амбасада на Република Турција во Скопје. Денеска во 19.00 часот е закажано свечено отворање во Кинотека на Македонија. Куриозитет на годинашното издание на Неделата на турски филмови во Македонија ќе биде присуството на турските филмски ѕвезди, актерот Онур Сајлак, кој ја толкува главната улога во филмот „Есен“ и неговата сопруга, актерката Туба Бујукустун, кои ќе пристигнат во Скопје специјално за овој настан. Во рамките на шестдневната културна манифестација, која ќе трае од 1 до 6 ноември 2013 година, ќе бидат прикажани 11 филмски проекции на шест филмски остварувања на современата турската кинематографија.
На свеченото отворање на Неделата на турскиот филм ќе присуствува и Јасин Али Туркери, режисерот на документарниот „Битола мој роден крај“.
Присуството на публиката на филмските проекции ќе биде можно само со билети, кои ќе можат бесплатно да се подигнат во Кинотека на Македонија.
Програма на манифестацијата:
1 ноември 21.00 „Есен“
2 ноември 18.00 „Есен“ 20.00 „Долга приказна“
3 ноември 17.30 „Долга приказна“ 20.00 „Интернационала“
4 ноември 18.00 „Интернационала“ 20.00 „Мојата сестра: Момо“
5 ноември 18.00 „Мојата сестра: Момо“ 20.00 „Погрешна бројаница“
6 ноември 18.00 „Погрешна бројаница“ 20.00 „Битола мој роден крај“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


