| четврток, 6 декември 2018 |

Крушата под круша паѓа – ова е ќерката на Енди Мекдауел (ФОТО)

Познатата холивудска актерка Енди Мекдауел, на доделувањето на наградите за инструменталисти „При Монтблан“ во Берлин, дојде во друштво на 24-годишна ќерка Рејни.

И на 55 години, Енди сѐ уште е една од најубавите актерки од нејзината генерација, а на церемонијата изгледаше крајно елегантно во фустан со кожа-боја, додека 24-годишната Рејни се одлучи за црвен фустан на едно рамо.

Младата актерка од својата мајка, дефинитивно, ги наследила убавиот светол тен, градбата и шармот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top