| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Никој нема им да верува на САД

medvedevСАД ќе имаат тешка заадача да ја исправат штетата по обвинувањата дека шпионирале лидери на сојузнички држави, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Не е баш пријатно кога ве шпионираат и затоа луѓето се лути. Јас ги разбирам – изјави Медведев во интервју за западни медиуми.

Тој додаде дека шпионирањата не се невообичаени, но под претпоставка дека не се работи на така циничен начин.

– Можно е ситуацијата да се смири, но овде не помага никакво уверување – оценува Медведев и нагласи дека никој нема да верува на изразите на жалење и зборовите дека тоа нема да се повтори.

Американските сојузници негодуваат откако е обелоденето дека Агенцијата за национална безбедност прислушувала мобилен телефон на германската канцеларка Ангела Меркел и шпионирала држави како што се Франција, Италија и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top