Тешко болното дете Хајрудин Камењаш цел ден со неговите родители на аеродромот во Сараево го чекаше да пристигне дресот на Златан Ибрахимовиќ, а дресот го донесе хуманитарката Теа Ракиќ од Германија, чија агенција ги спои детето и фудбалерот.
Хајрудин сакаше да го запознае Ибрахимовиќ, но тоа не беше возможно поради ангажманите на шведскиот репрезентативец, но и поради тешката здравствена состојба на детето.
Откако Хајрудин цел ден го помина во болница и чекајки на аеродромот беше премногу уморен да го проба дресот, тој со плачење побара од родителите да го однесат дома.
Златан Ибрахимовиќ му испрати еден оригинален дрес и еден мал на кого пишувало:
– Драг Хајрудин те сака Ибрахимовиќ, мислам на тебе нон стоп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.