| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Петрушевска организира хуманитарен концерт за помош за своите родители

Ма­ке­дон­ска­та актер­ка Вес­на Пе­тру­шев­ска по­ми­ну­ва низ те­жок пер­и­од од сво­јот жи­вот. По раз­во­дот од сво­јот со­пруг, се за­па­ли до­мот на неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли. Пр­ви­от, ус­лов­но ка­жа­но, по­раз го при­фа­ти мно­гу те­шко. Отво­ре­но збо­ру­ва за мо­мен­тот на сла­бост ко­га по­сег­на­ла по сво­јот жи­вот, за жи­вот­на­та лек­ци­ја ко­ја ја на­у­чи­ла ко­га не­кој си по­и­грал со до­вер­ба­та, но и со чув­ства­та на де­ца­та кои ве­ќе ед­наш би­ле оста­ве­ни… Се­га, мно­гу по­хра­бро се со­о­чу­ва со фа­ктот де­ка неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли оста­наа без по­крив над гла­ва­та. До­мот на се­мејс­тво­то Пе­тру­шев­ски на 11 октом­ври из­го­ре до те­мел.

Ко­га се нај­дов­ме, раз­го­ва­ра­вте со То­ни Ми­хај­лов­ски за да би­де дел од на­стан кој Вие го ор­га­ни­зи­ра­те. За што се ра­бо­ти?

Пе­тру­шев­ска: На 11 но­ем­ври, на мо­ја ини­ци­ја­ти­ва, со под­др­шка од мо­е­то се­мејс­тво, ќе пра­ви­ме ху­ма­ни­та­рен кон­церт во Уни­вер­зал­на са­ла. Ќе би­дат при­сут­ни мо­и­те при­ја­те­ли од ма­ке­дон­ска­та естра­да, кои јас мно­гу ги са­кам. Са­кам да има два де­ла со стен­дап-ко­ме­дии на То­ни Ми­хај­лов­ски и на Са­шко Ко­цев. Са­кам да дој­де и Игор Џам­ба­зов, но тој ден има на­стап во Би­то­ла. Им ре­ков да збо­ру­ва­ат за по­жар за­што ако не зна­еш да се сме­еш на сопс­тве­на­та не­сре­ќа, то­гаш не мо­жеш да се сме­еш на ту­ѓа­та сре­ќа. Тој ден е ро­ден­ден на Ми­на, со­се­ма слу­чај­но се по­го­ди. Во мо­мен­тот ко­га до­го­ва­рав­ме тој да­тум ми го да­доа ка­ко сло­бо­ден и во­оп­што не ми тек­на де­ка е ро­ден­ден. На­и­дов на го­ле­ма под­др­шка од Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец-Але­ксиќ, ко­ја е гра­до­на­чал­нич­ка на Ки­се­ла Во­да, од ми­ни­сте­рот за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, скоп­ски­от гра­до­на­чал­ник и нор­мал­но на од мо­и­те при­ја­те­ли. Мно­гу е важ­но во тие мо­мен­ти да ти се нај­дат лу­ѓе кои мо­жат да ти за­вр­шат ра­бо­та. Мно­гу е бит­но да ти се ја­ват лу­ѓе­то, кои со са­ми­от по­вик ја ма­ни­фе­сти­ра­ат сво­ја­та чо­веч­ност и ху­ма­ност. По раз­во­дот на­у­чив кој мо­же да ти би­дат при­ја­те­ли. По оваа се­меј­на тра­ге­ди­ја, пак, знам на ка­ква под­ло­га сум, со ко­го мо­жам и со ко­го са­кам, а со ко­го не. Ма­ја, со ко­ја пер­и­о­дов раз­го­ва­ра­ме по не­кол­купа­ти на ден, че­сто ми ве­ли де­ка се­га ве­ќе не сме до­бри. Се­га зна­е­ме со ко­го ка­ко тре­ба да по­ста­пу­ва­ме. Не е важ­но ко­га, важ­но е да се на­у­чи лек­ци­ја­та. Ние цел жи­вот сме би­ле се­мејс­тво кое по­ма­га­ло на дру­ги­те. Јас ни­ко­гаш не сум се фа­ле­ла со тоа, но имам по­мог­на­то на Кли­ни­ка­та за дет­ски бо­ле­сти со апа­ра­ти, фа­са­ди, при ре­но­ви­ра­ње… Тоа се­ко­гаш сум го пра­ве­ла без пом­па за­тоа што мис­лам де­ка ко­га пра­виш не­што го пра­виш тоа за­тоа што мис­лиш де­ка е по­треб­но, а не за да се фа­лиш. Мај­ка ми истота­ка. Ние да­ва­ме. Тоа што оста­на во опо­жа­ре­ни­от дом го да­дов­ме… Бит­но е да не го за­гу­биш здра­ви­от раз­ум.

Сметка за помош:

Petrusevska Slobodanka
broj na smetka 300007000419226
partija 00419236
Komercijalna banka

 

(За моментите на слабост, за тоа што ја натера да посегне по својот живот и што најмногу ја повреди во разводот со Јанко Тренковски прочитајте во интервјуто во најновиот број на неделникот Република, кој од денеска, 1 ноември е во продажба)

Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top