
Министерството за надворешни работи на Финска било цел на информатичка шпионажа од „големи размери“, соопштија финските власти откако случајот го откри телевизијата „МТВ3“.
Според шефот на дипломатијта, Ерки Туомиоја, националната безбедносна служба повела истрага поради сериозна шпионажа во која, за среќа, не биле опфатени „најчувствителните“ информации затоа што не биле во истата мрежа.
Шпионирањето било „многу софистицирано“ и траело „долго“, а било откриено на почетокот на 2013 година, за што веќе била известена и Европската унија.
Според телевизијата која го објави случајот, финските власти се сомневале дека зад нападите стојат руската и кинеската тајна служба. Министерот не ги открил имињата на осомничените, но рекол дека името на „еден или повеќе осомничени веројатно ќе бидат објавени кога ќе почне процесот“.
Информациите кои помогнале за откривање на шпионажата дошле од надвор, а фактот дека Финска не успеала сама да ја открие шпионажата со години бил многу непријатен факт, смета информатичкиот експерт Петери Јаервинен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


