| четврток, 6 декември 2018 |

„Волво“ и „Електролукс“ ќе отпуштат 4.000 Швеѓани

volvoШведскиот производител на тешки камиони „Волво“ (Volvo Group) објави многу слаби резултати во споредба со предвидувањата на аналитичарите и намалувањето на 2.000 работни места на високите кадри и консултанти, пренесе АФП.

Чистата добивка е намалена за 1 процент, до 1,387 милијарди круни (158 милиони евра) и е многу под проектираните од аналитичарите 2 милијарди круни. Прометот се намалил за 5 проценти до 64,880 милијарди круни при очекуваните од аналитичарите 67,7 милијарди круни.

Како што се очекуваше, „Волво“ најави отпуштања во рамките на планот за реструктуирање, почнат во септември.

Планираното скратување на 2000 позиции на директори и консултанти претставува помалку од 2 проценти од персоналот на групата – 95.400 вработени и 17.200 на привремени договори и консултанти.

Генералниот директор Олоф Персон објасни дека „Волво“ доживува фаза на сложена транзиција и вети најголема обнова на производството во историјата на групата со високо конкурентен спектар во 2014 година.

Електролукс (Electrolux), кој е производител за електрични уреди за домаќинство, исто така, најави дека скратува 2.000 работни места по лошите резултати во третиот квартал. Компанијата ќе ја затвори фабриката во австралискиот град Оринџ и ќе го намали својот персонал во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top