| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии за пред секоја нова запалена цигара (Фото)

Американскиот медиумски сервис ЦНН објави фотографии според кои научници се обиделе преку изглед на близнаци да го покажат штетното влијание на пушењето. Во избраните случаи, еден од близнаците не пиши или пуши драстично помалку и пократко од другиот.

За овој опит биле избрани 79 еднојајчани идентични близнаци, а резултатот од фотографиите покажува дека близнаци кои пушеле имале повеќе промени во средната и долната третина од нивните лица. Едноставно, нивните лица изгледаат постаро.
Па како што вели и самиот напис на ЦНН, еве нешто што ќе ве натера да размислите кога повторно ќе ја ставите цигарата меѓу вашите усни.

131030221033-03-twins-smoking-horizontal-gallery 131030221021-02-twins-smoking-horizontal-gallery 131030221008-01-twins-smoking-horizontal-gallery 131030221043-04-twins-smoking-horizontal-gallery

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top