Владимир Путин спроведе ненајавена проверка на нуклеарните сили, пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија.
Во текот на воените вежби балистичките ракети успешно биле лансирани и дека сите цели биле погодени. Според неговите зборови, за време на вонредните вежби, освен нуклеарните сили, учествувала и морнарицата, авијацијата и единиците на воздушно-космичката одбрана.
Вонредните проверки во последно време во Русија се одржуваат релативно често. Со нивна помош властите сакаат да ја зголемат борбената готовност на вооружените сили. Прва проверка од ваков вид претседателот на Русија спроведе оваа пролет во Јужниот воен округ во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


