Писателот Едвард Лимонов и уште неколкумина други руски опозициски активисти се уапсени под обвинение за обид за оддржување митинг во центарот на Москва, за кој немале одобрение од властите. Лимонов, кој е лидер на нерегистрираното политичко движење „Другата Русија“, и неговите приврзаници секој 31 во месецот се обидуваат да организираат демонстрации. Датумот не е случајно избран, туку е инспириран од членот 31 од Уставот на Русија кој ја гарантира слободата на собирање. Руските власти не го одобруваат оддржувањето на овие митинзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


