Случајот и пресудата за новинарот Томислав Кежаровски не е работа на извршната власт, таа е во надлежност на судската власт која е слободна и независна, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со 4,5 годишната казна за Кежаровски и причината зошто е осуден.
Тој потенцира, дека коментирањето на пресудата или пак аспекти поврзани со неа не е добро во оваа фаза и особено пред таа да стане конечна и да се донесе и во писмена форма, коментирањето на одлуката, може да е непринципиелно, да создава недоиразбирања, индиректно да влијае врз судот и да создава притисоци врз него.
– Сметам дека случајот не треба да се политизира, постојат судски процедури, постојат механизми кои не се исцрпени, кои не се завршени, работата треба да се остави во рамки на судството и на судската власт, а не да се префрлат за тоа да носи свои ставови и судови парламентот или Владата, рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


