„НАТО од Македонија направи кандидат за Гинис. Имаме 14 акциони планови за членство , 18 пати нашите војници учествуваат во сите операции како да сме полноправни членови . Македонските војници се на четврто место според бројот на војска , ги имаме сите можни обврски но немаме привилегија да бидеме членки“.
Оваа невообичаено остра порака кон Северно-атланската алијанска денеска ја испратил македонскиот претседател Иванов на панелот за Балканот и Кавказот што се одржува во рамки на Минхенската безбедносна конференција која што почна вчера во главниот град на Баварија.
На панелот на кој го водел добитникот на Нобеловата награда мир и екс претседател на Финска Марти Ахтисари а покрај претставници на земји од Кавказот учествувал и Хрватскиот претседател Јосиповиќ, Иванов изјавил дека е незадоволен од НАТО. Наспроти острите зборови за алијансата македонскиот претседател ја пофалил ЕУ, пренесува известувачот на Канал 5 од Минхен.
„ЕУ со еврокомесарот Филе најде начин да биде иновативна и креативна. Отвори дијалог на високо ниво и ја мобилизира нашата администрација и нашето опшстество да прифатат и да учествуваат во спроведување на реформите. Ќе се радуваме ако имаме таква креативност и иновативнсот и од НАТО“ рекол Иванов според кого НАТО е арматурата на која треба да се издига зградата наречена европска унија.
Шефот на државата во контекст на спорот за името и пресудата на Хашкиот суд на правдата против Грција побарал од меѓународната заедница да го почитува меѓународното право и да не ги менува правилата додека трае играта.
Во дебатата за балканот се вклучил и албанскиот премиер според кого во регионот постои силна албанофобија. Сали Бериша изјавил дека за него е прифатливо албанците да живет во пет држави но само ако тие се развиваат како една нација но не било прифатливо доколку тие се развиваат во пет различни нации. Доколку тоа се случи тогаш тоа ќе предизвика неповратен процес и тогаш прашањето за унификација на сите албанци на Балканот ќе биде легитимна цел изјавил Бериша кој бил веднаш искритукуван од поранешен американски дипломат кој го нападнал дека говори со неразбирлив јазик за оние што работат за мир на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Сали Бериша: И Еди Рама купи автомобил со иста цена како тој на Груевски!
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме