Во изминативе пет- шест години изградени се 41 основно училиште во Македонија, а во тек е изградба на уште четири. Изградени се три, а во градба се уште три средни училишта, со што јасно покажуваме дека инвестирањето во образованието е еден од врвните приоритети на Владата, рече министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на собраниска седница посветена на пратенички прања.Ристовски најави санации и реконструкции на училиштата во Струга.
-За 2014 година планирана е целосна санација на основното училиште во село Лабуништа и реконструкција на прозорците. Планирана е рексонструкција на подрачното основното училиште во село Боровец, каде ќе се променат подови, прозорци и покривот. Ќе се реновира основното училиште во село Мислешево, поточно промена на покрив, фасада, под и санитарии. Обезбедени се средства за реконструкција на средното училиште „Д-р Ибрахим Темо“, рече Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


