| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден ќе работи на руски интернет-портал

Moskva-Edvard-SnoudenЕдвард Сноуден од ноември ќе работи во еден од најголемите руски интернет портали, објави неговиот адвокат Кучерена.

– Сноуден и самиот наскоро ќе почне да заработува пари во Русија бидејќи на 1 ноември ќе почне со работа во една од најголемите компании за поддршка на најголемиот веб-сајт. Тоа е работа во областа на информатичката технологија, па прашањето за негово вработување е решено – објаснува Кучерена. Според неговите зборови, компанијата во која ќе се вработи Сноуден не е државна, со оглед на тоа што тој не може да работи за руската држава.

Според зборовите на адвокатот, Сноуден сосема мирно се шета низ руската престолнина, но и понатаму е тајна каде живее.

– Нему му е интересна Русија и нејзината култура. Неговите посети на Кремљ и музеите во другите градови говорат колку тој ја сака Русија и колку многу сака да дознае повеќе за неа – додава Кучерена, а за тоа каде оди, тоа било негова лична работа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top