| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеската влада се посрамоти со очаен фотошоп

Кинеската влада со сите сили се труди да го поправи имиџот по серијата скандали поврзани со корупција.

Во целта да им се допаднат на граѓаните, објавија фотографија на која четири политичари се во посета на 103-годишната старица Ченг Јанчун во нејзиниот дом. Под фотографијата пишувало „Љубов и грижа за старите е кинеска традиција која ја негуваме“.

Но нивната грижа им се удри од глава поради лошата монтажа на која старата жена личи на кукла.

– Екипата задолжена за пропаганда нема мозок и веројатно ќе останат без работа, исто како и овие политичари – напишал еден корисник.

Од кинеските медиуми стигнуваат само негативни коментари за оваа фотографија, а од владата велат дека до грешката дошло поради тоа што распоредот на собата не дозволувал тие да бидат во ист кадар со жената.

Сепак ова не е прв пат вака срамно да се избрукаат, тие минатата година објавија фотографија од отворање на нов пат.

fotoshop fail 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top