| четврток, 6 декември 2018 |

Банките да пуштат кредити за фирмите

париБанките во Македонија да го зголемат кредитирањето на компаниите и со тоа да го поддржат и растот на економијата. Ова е пораката од денешниот Регионален форум на гувернери и министри за финансии од регионот.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, има услови за поголемо кредитирање на фирмите од банките.
– Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот. Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите. Тој раст е 3,7 проценти и следната година треба да стигне 7-8 проценти за да дадат поддршка на растот на инвестициите- рече Ставрески.
Тој додава дека ова ќе биде поддржано од Владата со обезбедувањето на новата кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра која е одобрена на Бордот на банката, а за две недели се очекува законското решение да помине и во Владата и во Собранието.

Со порака до банките да го зголемат кредитирањето на фирмите беше и гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов.
– Амбиент за заживувње на кредитниот раст има. Оваа година имаме солиден раст. Според проекциите, тој ќе биде над 3 проценти, а за следната година е дека ќе продолжи уште посилно- рече Богов.
Според него, банките имаат здрави портфолија и сега е само конкурентската борба меѓу нив за пласирање на средствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top