Компанијата за здрава храна „Виталиа“ оваа година слави јубилеј 20 години. Во склоп на роденденската кампања ќе се организираат низа активности, но она што е најинтересно за младите е настанот кој ќе се случува на 2 и 3 ноември 2013 година од 11 до 17 часот во киното „Синеплекс“. Најмладите може да очекуваат многу забава, едукација, натпреварување и наградување.
Сите дечиња што ќе дојдат овој викенд, ќе добијат можност да учествуваат во мини- натпреварот „Пингви сложувалка“ и оние кои ќе имаат за најбрзо време наместена сложувалка ќе си заминат со награда од „Виталиа“. Покрај тоа, сите присутни ќе уживаат во вкусот на овесните каши за деца и баровите „пингви“.
Ваквите акции секогаш придонесуваат за поголема забава и анимација на најмлади посетители, кои, покрај најсвежите светски анимирани филмски имиња, добиваат можност да се хранат здраво, да се натпреваруваат и да освојуваат награди со „Пингви“ и притоа да имаат еден незаборавен филмски викенд. Токму затоа ние искрено ја поддржуваме целата идеја, изјавуваат од „Синеплекс“.
„Виталиа“ ќе ги наградува и оние кои го следат профилот на „Фејсбук“, односно од 28 октомври до 1 ноември преку мрежата на комуникација ќе се доделуваат гратис влезници за анимираните филмови: „Облачно со врнежи од кофтиња 2“, „Штрумфови“, „Авиони“ и „Турбо“.
Преку оваа активност, „Виталиа“ ја најавува роденденската кампања затоа што истата е само дел од сите активности кои ќе се случуваат по повод 20-годишното постоење на овој македонски бренд.
Тука нема да застанат изненадувањата за најмладите. Во планот на активности се вбројуваат и предавањата за здрава храна во основните училишта, едукативните тури во фабриката на „Виталиа“, како и донација во домот за деца без родители „11 Октомври“- изјавуваат од „Виталиа“.
Со ова, брендот „Виталиа“ покажува уште еднаш дека е општествено одговорна компанија која во изминативе 20 години посветува посебно внимание на едукација на најмладите за важноста на здравата храна и исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.