
Во продолжение следи интегрален текст од обраќањето на Димески.
Пред очите на Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, органите на обезбедувањето од едниот ортак на бизнисот на господинот Сугарески физички нападнаа недолжни граѓани. Син кој го носел својот татко, срцев болесник, до прилепската болница притоа насилно вадејќи ги од нивното возило и нанесувајќи им телесни повреди. Во меѓувреме толпата извикувала фашизоидни пароли пред месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ „Живи ќе горите“ „На колец ќе ве набодиме“ и упатувала слични закани.
Токму ваквите случувања зборуваат за тоа каква е уличната демократија на Црвенковски. Ова е сценариото на хаосот на Бранко Црвенкоски кое води кон крвопролевање и братоубиствени немири. Токму со ваквите инциденти членовите и раководството на СДСМ го потврдуваат она за што ние говориме, СДСМ сака да влее страв кај граѓаните и насилно да дојде на власт.
Почитувани социјалдемократи, насилството, улицата, пукањето и тупаниците не се дел од Македонија. Власт не се добива со насилство против граѓаните, власт се добива на избори од граѓаните. Да се биде на власт е многу сериозна и одговорна работа и затоа граѓаните очекуваат судир на концепти и идеи, реални проекти, чесно и посветено работење а со цел подобрување на нивниот живот.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ е одговорна политичка партија и најостро ги осудуваме ваквите случувања и апелираме до надлежните органи за расчистување на овие немили настани и да ги преземат сите законски мерки за казнување на сторителите кои жртвите во инцидентот многу добро ги знаат. За ВМРО-ДПМНЕ соживотот на граѓаните е пред се и над се. Ги повикуваме политички партии во Прилеп да се издигнат над своите партиски интереси и да не дозволиме да се внеси немир кај нашите сограѓани.
Истовремено, ги повикувам и ги замолувам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ но и сите граѓани на општина Прилеп да не потпаѓаат на ниските провокации и инциденти кои се дел од недемократското и насилно сценарио на Црвенковски и СДСМ.
Прилепчани се разумен и мирен народ, знаат да се воздржат, да ценат и наградуваат но и да казнуваат и разрешуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


